Технологијата што би можела да го ублажи проблемот со вселенскиот отпад, успешно ги мина тестирањата во Земјината орбита. Се работи за системот наречен „Терминатор тејп“.
Спејс-Икс ракетата Фалкон Хеви во јуни 2019 година постави неколку десетици сателити, меѓу кои и Прокс-1. Сателитот во септември ја активираше лентата „Терминатор“, што е прицврстена за надворешниот дел од сателитот.
Лентата е долга 70 метра има својства на спроводник на електрична енергија и прилично мала маса. Служи за брзо собирање на неактивните сателити. Технологија е погодна токму поради занемарливата тежина, а и производството е прилично евтино.
Стручњаците подолго време предупредуваат дека вселенскиот отпад претставува опасност како за мисиите, така и за активните сателити. „Терминатор“ би можело тој проблем да го реши, или барем да го ублажи.