Поранешниот член на „N’ Sync“, Ленс Бас не се откажува од својот сон да го прошири семејството.
Бас се отворил за својот пат кон тоа да се реализира како татко во епизода на Heather Dubrow’s World.
– Блиску сме. Знам дека го повторувам ова секогаш кога сум тука. Долг процес е. Ние поминавме низ седум донаторки, но последниот случај изгледа дека ќе успее. Се надевам во следните неколку недели ќе можам да соопштам вест за славење. Ние се обидуваме да добиеме близнаци, но се уште ништо не е сигурно – изјавил тој.
Бас и неговиот сопруг Мајкл Тарчин дури ги земле во предвид и хороскопските знаци. Тој кажал оти не знае многу околу хороскопот, но слушал дека не е баш најдобро да се биде „близнаци“ во астрологијата.
– Според прогнозите, доколку зачнувањето е сега, хороскопскиот знак би можел да биде „бик“ или „близнаци“. Затоа мора да се направи тоа сега за да се погоди првиот знак – рекол тој.
Бас додал и дека неговиот сопруг ќе биде најдобриот татко на светот.
ФОТО: Инстаграм