Светската музичка ѕвезда Лени Кравиц пристигна во Македонија, два дена порано пред долгонајавуваниот концерт закажан за утре, 3 мај, во ВИП арената „Борис Трајковски“.
Кравиц денеска го искористи денот да се прошета низ Старата скопска чаршија, каде одлично расположен делеше автограми и се фотографираше со своите обожаватели.
Кравиц непосредно се поздравуваше со минувачите, насмеан, стрпливо позираше со фановите, седеше до уличните свирачи…
Легендарниот музичар објави видео на својата страница на Фејсбук, во чиј опис напиша: „Скопје, Македонија, Стара чаршија. Најубав ден и средби со прекрасни луѓе“.
Skopje, Macedonia. Old Bazaar. The most wonderful day meeting beautiful people. #heretolove
Posted by Lenny Kravitz on Четврток, 02 мај 2019