Леклер со најбрзо време досега, несреќа на Гласли

192

Шарл Леклер го постигна најбрзото време на претпоследниот ден од тестовите во Барселона, потврдувајќи ги силните перфермонси на Ферари. Леклер го забележал своето достигнување за време на утринската сесија, но до крајот на денот никој не можеше да го подобри. Младиот французин направи 139 круга.

Другиот пилот кој слезе под минута и 17 секунди беше Александар Албан. Дебитантот сврте 100 круга за Торо Росо и остана на второто место до шест десетинки зад лидерот. На трето, на две десетини зад Албан е Ландо Норис со Мекларен.

Утринската сесија помина без ниту едно црвено знаме, но околу час по почетокот на попладневната сесија, Гасли направи тешка несреќа на кривина број 9. Французинот изгуби контрола над својот Ред Бул на влегувањето во брзата шикана и се удри во заштитниот ѕид со задницата. Пјер помина без повреди, но силниот удар целосно го уништи задното крило и стави крај на тестовите на тимот за овој ден.

Гасли беше четврти во пласманот, пред Даниел Рикардо, кој ја презеде штафетата попладнето од неговиот колега Нико Халкенберг за Рено. Австралиецот правеше кратки „стинтови“ со најмалите гуми „Ц5“.

Нико се рангира шести, а седми остана Ленс Строл, кој успеа да направи 103 круга пред неговиот Рејсинг Поинт да запре на патеката и да го предизвика второто црвено знаме. Џовинаци со Алфа Ромео остана осми, а по него – Ромен Грожан, кој загуби дел од денот поради проблем со издувниот систем кај Хас.

Хамилтон остана десетти, но повторно направи солидна километража од 85 круга пред да продолжи Ботас. Мерцедес правеше долги серии и така веќе има над 1.000 обиколки на тестовите.

Најмногу километри денеска помина Џорџ Расел со Вилијамс, откако сврте 140 круга.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...