Леклер беше најбрз на квалификациите на патеката во Сочи

Пилотот на Ферари четврта трка по ред ќе тргне од најповолната позиција, а во првиот ред друштво ќе му прави Луис Хамилтон од Мерцедес, кој заостана 402 илјадитинки. Трети е Себастијан Фетел од Ферари, кој за малку не успеа да го надмине светскиот првак, па Британецот ги раздвои двете Ферарија.

271

Шарл Леклер од Ферари беше најбрз на квалификациите на патеката во Сочи и утрешната трка за Големата награда на Русија ќе ја почне од пол-позицијата.

Пилотот на Ферари четврта трка по ред ќе тргне од најповолната позиција, а во првиот ред друштво ќе му прави Луис Хамилтон од Мерцедес, кој заостана 402 илјадитинки. Трети е Себастијан Фетел од Ферари, кој за малку не успеа да го надмине светскиот првак, па Британецот ги раздвои двете Ферарија.

– Стартот на утрешната трка ќе биде многу важен. Задоволен сум со пол-позицијата, болидот беше многу брз. Сега треба да се фокусирам на трката – изјави младиот пилот од Монако, кој откако дојде во Ферари, има шест пол-позиции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...