Лекар ја користел својата сперма при вештачко оплодување, направил 49 деца

Карбат е осомничен дека повеќепати ја користел сопствената сперма наместо онаа од избраниот донор.

738

Јан Карбат, лекар и поранешен директор на банката за сперма во Барендрехт, Холандија, е осомничен дека повеќепати ја користел сопствената сперма наместо онаа од избраниот донор.

Резултатите од серијата ДНК тестови покажуваат дека Карбат е биолошки татко на 49 деца, навела организацијата „Одбрана за деца“ и додаде дека резултатите од анализата го потврдуваат претходното сомневање дека Карбат ја користел сопствената сперма.

Скандалот избувна во февруари кога судот одлучи да земе примероци од ДНК од облеката на Карбат по сомневањата на неколку родители кои ги користиле услугите на банката за сперма.

Карбат (89) пред смртта признал дека има околу 60 деца додека работел во банката за сперма, која во 2009 година била затворена поради сомнителното работење.

Децата кои се сомневале дека им е биолошки татко Карбат, поднеле потоа кривична пријава за да се утврди точното татковство.

Адвокатите на овие деца рекле дека некои меѓу нив и физички личат на Карбат. Од своја страна, одбраната на поранешниот директор навела дека се почитува правото на приватниот живот на клиентите на банката за сперма.

Организацијата навела дека по неколкугодишна неизвесност, овие деца може да го затворат овапоглавје и да почнат да се привикнуваат на фактот дека се едни од многуте потомци на Карбат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...