Лекар во Охајо обвинет дека усмртил 25 пациенти – ги предозирал со аналгетици

168

Лекарот Вилијам Хусел, кој работел на интензивна нега во болница во Колумбос, во американската сојузна држава Охајо, обвинет е дека усмртил 25 пациенти, така што им давал прекумерни дози аналгетици.

Тоа е еден од најголемите случаи на масовно убиство во американскиот здравствен систем, поради што на Хасел му е одредена кауција од еден милион долари.

Хасел доби отказ од болницата „Моунт Кармел“ и одземена му е лекарската лиценца во декември минатата година, кога се појавија обвинувањата против него, а потоа интерна контрола утврди дека во последните пет години на пациентите им препишувал потенцијално смртоносни дози аналгетици.

Некои од пациентите починале бидејќи биле тешко болни, но лекарската комисија заклучи дека кај некои со соодветна терапија би можело да им се поправи здравствената состојба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...