Лекарска комора: За смртта на Тамара не се виновни само лекарите

422

Лекарската комора на Македонија  во името на сите доктори искрено жали за смртта на Тамара и сочувствува со болката на семјството Димовски. Меѓутоа, како професионална асоцијација, во исто време,  има обврска кон пациентите и кон докторите да инсиситира конечно јавноста да биде запознена со целосната вистина за овој случај. Комората смета дека за сите недостатоци и проблеми во здравствениот систем не може да бидат одговорни единствено докторите, особено не за погрешните политики во здравството, се вели во реакцијата на Лекарската комора која ја пренесуваме во целост.

„Лекарската комора на Македонија и во оваа прилика апелира на неопходноста да се !почитува пресумпција на невиност и да се избегнува практиката на објавување на комплетните имиња и презимиња на доктори за кои се поведува некаква постапка пред надлежните институции.

Сметаме дека овластените институции на системот  без влијанија и пристисоци треба да си ги извршуваат своите задачи. Ваквите појави внесуваат голема конфузија и го рушат угледот и достоинството на докторите. Секое објавување на името на оние за кои е покрената истражна или друга постака е прејудицирање на вината и со право може да се смета  дека е форма на притисок врз надлежните институции и јавноста, искривувајќи ја сликата за вистината.

Комората го подржува навременото, објективното и аналитичко информирање на јавноста за сите настани и појави во здравството, но не и предвремената јавна осуда на инволвираните лица и институции, поаѓајќи од неприкосновеното правило за тоа дека секој е невин додека со правосилана судска одлука  не се докаже дека е виновен.

Особено кога  докторите кои се обвинети во слуајот, што трае повеќе од 40 месеци,  инфромација ја добиваат од медиумите без притоа да го имаат приемно  обвиненитето со листата на докази. Притоа останува отворена дилемата  на прашањето што се случуваше во тој период?!

Од тие причини Лекарската комора на Македонија како професионално асоцијација која  се грижи за угледот и достоинството на докторската професија најосторо реагира на постапката за објавата и на поднесеното обвинение против 12 лица во врска со случајот Тамара“, се вели во реакцијата.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...