Лекарската комора може да ѝ изрече јавна опомена на директорката, но не може да ѝ ја одземе лиценцата за работа

Етичка комисија на Лекарска комора утре ќе одлучува дали Биљановска да добие опомена или пак јавна опомена. Засега не можат да ѝ ја одземат лиценцата, само апелираат здравствените работници да се придржуваат до препораките на СЗО.

524

Етичката комисија утре ќе заседава за случајот со заразената директорка на Клиниката за кожни болести, па согласно Законот за здравствена заштита, ќе биде донесена одлука дали директорката ќе заработи јавна опомена поради загрозување на јавното здравје.

Ова го потврдија на денешната прес-конференција во Лекарската комора на Македонија и објаснија дека во моментов не постои можност за одземањето на лиценцата за работа на директорката, бидејќи во Законот за здравствена заштита не е предвидено како да се постапува во случај некој доктор свесно да го загрозува јавното здравје.

Такво дејствување подлежи на Кривичен законик, па лиценцата ќе може да ѝ се  одземе единствено ако против нејзе се поведе кривична постапка, односно доколку  институциите утврдат дека таа сторила кривично дело, тогаш така ќе се постапи, соопштија денеска од Лекарската комора.

Иако се вратила од ризичен регион во Италија, директорката пет дена потоа одела на работа, а во саботата присуствувала и на семинар во Скопје на кој учествувале околу 100 дерматовенеролози од земјата и тројца од Грција. Затоа од вчера во домашна изолација се повеќе од 200 лица, кои биле во (ин) директен контакт со заразената директорка.

Етичка комисија на Лекарска комора утре ќе одлучува дали Биљановска да добие опомена или пак јавна опомена. Засега не можат да ѝ ја одземат лиценцата, само апелираат здравствените работници да се придржуваат до препораките на СЗО.

– Во врска со случајот на директорката на ЈЗУ Клиника за кожни и венерични болести која е заболена од коронавирус и која не ги почитувала препораките на здравствените власти да се јави на преглед по доаѓањето од Италија, Лекарската комора преку своите органи ќе постапи согласно важечките законски прописи, Статутот и подзаконските акти, по што јавноста ќе биде информирана – изјави денеска проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на Комората.

Оваа еснафска организација бара докторите на медицина и другите здравствени работници да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките и упаствата во целина. лекарската комора апелира уште еднаш здравствените работници дас е однесуваат како што доликува на докторската професија – одговорно и разумно и да ги почитуваат препораките за да се заштити здравјето на граѓаните и нивното здравје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...