Лекарската комора бара од институциите да ги заштитат здравствените работници

285

Жално е и тажно што во два последователни дена Лекарската комора мора да реагира на ова што се случува на здравствените работници, се вели во нивното соопштение.

– Загрижени сме од слоботата која пациентите ја чувствуваат со насилие кон нас, како докторите, така и сестрите, болничарите го изразуваат своето незадоволство, нетрпение, нервоза, Лекарската комора бара од институциите да ги заштитат своите здравствени работници. Не само полициска заштита. Ги замолуваме нашите пациенти конечно навистина да го погледаат законот за нивните права и да видат дека имаат и обврскида го почитуваат оној кој им пружа помош. Докторите се со закон прогласени за службени лица, но кога ке бидат натепани или застрелани, то а не помага многу. Соработниците на докторите не се службени лица. Луѓето кој се грижат за здравјето на другите луѓе заслужуваат почит. Лекарската комора бара од институциите и пациентите да им овозможат на здравствените работници да ја обавуваат својата работа без страв за сопствениот живот Лекарска комора на Македонија – стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...