Односите меѓу Леди Гага и Бредли Купер се претворија во една од најзборуваните теми во социјалните медиуми. Откако непосредно пред годинaшното доделување на Оскарите, Леaди Гага (32) ја прекинала свршувачката со Кристијан Карин (50), јавноста собрала два и два и почнала да манипулира со голема љубов помеѓу неа и Бредли Купер (44) која од филмското платно се преселила во реалниот живот.
„Прво сакам да кажам дека социјалните мрежи се тоалетна шолја на интернет. Го видовте она што ние сакавме да го видите. Тоа е љубовна песна. Тоа е љубовна приказна и ние напорно работевме на неа“, демантирала Гага недолго подоцна во ток шоу на Џими Кимел.
Сепак, како минува времето веќе е очигледно дека целата работа, сепак, била само добра глума, но пејачката и актерка поради тоа сè поинтензивно ја врзуваат со друг актерски колега, Џереми Ренер (48).
„Ренер и Леди Гага минуваат многу време заедно, а глумецот е голем вљубеник во музиката, што дополнително ги поврзува“, раскажал извор за „Пипл“.
Новопечената двојка сè повеќе време поминува заедно, а често со нив може да се види и неговата шестгодишна ќерка Ава.
ФОТО: Твитер/Принтскрин
ФОТО: Инстаграм