Легендарни улоги од кои глумците за малку ќе се откажале

555

Да се биде филмска ѕвезда, значи и многу напор, вложување, но и многу жртви и откажувања од себеси. Порталот „Брајт сајд“ објави 10 сцени и ситуации од светски познати филмови, поради кои главните глумци речиси се откажале од улогите…

  1. „Брз и бесни“: Мишел Родригез и несаканиот љубовен триаголник

Откако го прочитала сценариото, Мишел Родригез била бесна поради нејзиниот лик Лети Ортиз, која треба да го изневери Дом (Вин Дизел) заради Брајан (Пол Вокер). Таа верува дека алфа-жена никогаш не би напуштила алфа-маж поради убаво момче. Така, таа отиде докрај, подготвена дури да се повлече од улогата, но режисерот на крај го смени сценариото и ја претстави сестрата на Дом, Миjа.

  1. „Повратникот“: Трнливиот пат на Леонардо ди Каприо до првиот Оскар

Леонардо ди Каприо е горд веган, но во филмот има сцена каде што неговиот лик мора да изеде сиров црн дроб од бивол за да преживее.

  1. „Војна на Sвездите: Силата се буди“: Ридли сама избра да ја разбуди својата сила

Дејзи Ридли имала напад на паника уште првиот ден од снимањето. Сè тоа зашто нејзиниот директор Џ.Џ. Абрамс, во своите белешки ја опишал како „здрвена“. Тоа само ја зголемила тремата кај глумицата и таа за малку ќе се откажала од својата улога што ја направи светски популарна.

  1. „Што го мачи Гилберт Грејп?“ или – што го мачи Џони Деп?

За Џони Деп, работењето на овој филм било исклучително тешко, бидејќи ликот е многу сличен на неговото лично искуство. Во тоа време тој и во својот живот пиеше, што можеше да се одрази на цел филм. Деп, исто така, бил вознемирен поради суровоста на Гилберт кон неговата крупна мајка и тоа што морал глумицата Дарлин Кејтс да ја нарекува „насукан кит“. Тој по снимањето, ѝ се јавил и ѝ се извинил за тоа.

  1. „Хобит: Неочекувано патување“: Гандалф го урниса Ијан Мекелен

Глумецот ги снимал повеќето сцени сам во студиото. Тоа го направи Меккелен прилично осамен, а тоа, пак, уште повеќе го оддолжило снимањето, па тој на крајот и целосно се распадна. Режисерот Питер Џексон решил да му помогне. Тимот организирал посебен „Ден на благодарноста кон Гандалф“ за да го убедат да остане.

  1. „Кум“: Проблемите на Ал Пачино

Ал бил номиниран за Оскар за споредна улога во „Кум“ и за главна улога во „Кум 2“. Но, за сето време при снимањето, ја чувствувал одбивноста на другите кон него. Во еден миг сакал да се откаже од улогата, но режисерот Френсис Форд Копола го имал последниот и пресуден збор, па го разубедил.

  1. „Како Гринч го украде Божиќ“, или како ЦИА го спаси филмот?

Маската, односно целиот костим за тело било тоа што за малку не го натерала Џим Кери да се откаже од сè, сè додека продуцентот Брајан Грејзер не го повикал својот пријател обучувач во ЦИА за да мине викенд со глумецот. По сè тоа, Џим Кери продолжи со снимањето на филмот.

  1. „Игри на гладните“: Неподносливи костими за Џенифер Лоренс

И Лоренс имала проблеми со 10 килограми тешкиот костим, но и со една сцена што се снимала во канализација, а тоа траело три недели.

  1. „Бетмен“: Тесниот костим за малку ќе го избркал и Мајкл Китон од сетот

Но, сепак остана и неговата улога, заедно со филмот, се претвори во класика и го прослави глумецот ширум светот.

  1. „Светот на Вејн“: Мајк Маерс ја спасил сцената со пародијата на „Bohemian Rhapsody”

Глумецот сам го напишал сценариото за филмот. Студиото, сепак, сакало наместо евергринот од групата „Квин“, да изведат нешто посовремено за тогаш (1990-тите). Маерс тогаш се заканил со отказ, па другите попуштиле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...