Познатиот американски експерт, Рик Питино, потврди дека ќе биде новиот тренер на грчкиот гигант Панатинаикос.
Панатинаикос неодамна го отпушти Чави Паскал по поразот од Реал Мадрид во Евролигата, каде по 14 круга има скор 6-8.
Питино е еден од најпрестижните американски експерти, долгогодишен тренер на Кентаки и Луисвил со кого ја освоил НЦАА лигата.
На крајот на 20-тиот и 21-от век, тој го предводеше Бостон Селтикс четири години, не се прослави во НБА лигата, но не го загрози неговиот статус во САД.
„Среќен Божик на сите, благодарам на Димитрис Јанакопулос за единствена можност да го тренирам Панатинаикос, клуб со огромна традиција“, порача Питино.