Легендарниот Рамбо со ново и последно продолжение во септември „Rambo Last Blood“

798

Новиот филм за легендарниот Рамбо „Rambo Last Blood“ е петти во познатата франшиза, а премиерно ќе биде прикажан на 20. септември оваа година.

Главната улога му доверена на Силвестер Сталоне.

Рамбо овојпат тргнува за Мексико за да ја врати киднапираната ќерка на неговиот пријател. На тој пат Рамбо се судрува со еден од најсилните мексикански картели.

Режисер на петтиот дел е Ејдријен Гранберг, а сценариото е на Сталоне и Крулник.

Ивет Монреал ја игра киднапираната девојка Габриела, додека Пас Вега ја игра Кармен Делгадо, репортерка која ја следи трговијата со дрога во Мексико и му помага на Рамбо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...