Левица ќе поднесе кривична за Заев, ја „загрозил независноста“

Сметаме дека со прифаќањето на недостоинствениот предлог „Република Илинденска Македонија“ за севкупна (надворешна и внатрешна), таксативно се исполнети сите законски елементи на посоченото тешко политичко кривично дело кое се гони по службена должност, пишува Левица.

648

Партијата Левица најави дека утре ќе поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев до Основното јавно обвинителство – Скопје, за сторено кривично дело против државата, по чл. 308 од Кривичниот законик на РМ („Загрозување на независноста“).

„Сметаме дека со прифаќањето на недостоинствениот предлог „Република Илинденска Македонија“ за севкупна (надворешна и внатрешна), таксативно се исполнети сите законски елементи на посоченото тешко политичко кривично дело кое се гони по службена должност и за кое законот предвидува најмала казна од пет години затвор, па затоа претставници на нашиот правен тим ќе поднесат соодветна пријава до надлежното јавно обвинителство за понатамошно процесуирање“, напиша Левица во соопштението со кое ја најавуваат утрешната прес-конференција.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...