Полскиот репрезентативец, Роберт Левандовски ја потврди својата желба да го напушти Баерн Минхен и да игра во друг шампионат. Интерес за стрелецот на баварците покажуваат голем број клубови, вклучувајќи Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.
– Веќе реков дека не сакам да ја поминам целата кариера во едно првенство. Но сега не можам да кажам ништо за мојата иднина. Се уште не мислам за трансфер пазарот. Имам 29 години и сум убеден дека уште доста време ќе можам да играм на високо ниво, ако не добијам повреда – прокоментира Левандовски, кој од летото на 2010 година се натпреварува во Бундеслигата,
Тој постигна 254 гола во 382 официјални натпревари за Борусија Дортмунд и Баерн.