Левандовски најдобар стрелец во 2019 година

87

Напаѓачот на Баерн Минхен и репрезентацијата на Полска, Роберт Левандовски е најдобар стрелец во годинава што изминува со постигнати 54 погодоци.

На второто место во оваа статистичка категорија се најде Лионел Меси (Барселона/Аргентина) со 50 голови.

Во првите пет се уште и: Килјан Мбапе (ПСЖ/Франција) – 44, Рахим Стерлинг (Манчестер сити/Англија) – 41, и Еран Захави (Гуангжу Фули/Израел) – 40.

Шпанска „Марка“ во предвид ги земеа погодоците постигнати на домашна и меѓународна сцена за време на клупските и репрезентативните настапи..

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо со 39 гола (25 за клубот и 14 за репрезентацијата на Португалија) беше само шести. Ова е неговата најнеефикасна година во последната деценија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...