Леброн Џејмс ќе глуми во „Space Jam 2“, во првиот глумеше Мајк Џордан

114
ФОТО: EPA/CJ GUNTHER

НБА-ѕвездата Леброн Џејмс го потврди учеството во „Space Jam 2“ – продолжението на филмскиот хит со Мајкл Џордан од 1996 година.

„Ова ме погоди! Навистина ќе го снимам „Space Jam 2“! Тоа е нестварно и просто не можам да поверувам. Со оглед на тоа од каде сум и каде израснав – ова не ми прилега! Благодарен сум и повеќе од благословен! Ова е лудило!“, напиша кошаркарот на Твитер.

За Џејмс ова ќе биде прва главна улога во долгометражен филм. Досега тој имаше неколку епизодни улоги во ТВ реклами и раперски видео спот.

Режисер на вториот дел ќе биде Теренс Нанс, а премиерата е закажана за јули 2021 година.

ФОТО: EPA/CJ GUNTHER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...