Леброн Џејмс петта година по ред најплатен играч во НБА

92
ФОТО: EPA/CJ GUNTHER

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс веќе петта година по ред останува кошаркар со најголема заработка.

Според Форбс, приходите на Џејмс се проценуваат на 88,7 милиони долари годишно. Само 35,7 милиони од нив се во форма на плати. Преостанатиот износ е дополнителен приход, вклучувајќи рекламирање и спонзорство.

Второто место е резервирано за членот шампионот Голден стејт, Стив Кари со годишен приход од 79,5 милиони долари.

Трет на листата најплатени кошаркари од НБА-лигата е Кевин Дурант исто така од Голден стејт со  65 милиони.

Во ТОП 5 се уште и: Расел Вестбрук од Оклахома (53,7 милиони) и Џејмс Харден  од Хјустон (47,4 милиони).

ФОТО: EPA/CJ GUNTHER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...