ЛДП ќе го поддржи консензуалниот кандидат за претседател

630

Либерално – демократската партија ќе го поддржи консензуалниот кандидат за претседател на Република Северна Македонија, кој ќе биде усогласен меѓу партиите на владејачката коалиција, но и со останатите вонпарламентарни партии.

Оваа одлука членовите на Извршниот одбор ја донесоа на вечерашната седница.

„За Либерално – демократската партија од исклучителна важност е Република Северна Македонија да добие претседател кој ќе ги обедини сите нејзини граѓани, без оглед на нивната национална, етничка или верска припадност, но и претседател кој ќе промовира заедништво, стабилност и реформски капацитет во државата. Во овие историски моменти за нашата држава поважно од кога било е да се обединиме и заенички да градиме економски развиено, стабилно и просперитетно општество. Од своето постоење до денес Либерално – демократската партија покажала дека државните и националните интереси се секогаш на прво место“, соопшти ЛДП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...