ЛДП: Со датум или без него, бараме расчистување со криминалот од минатото и од актуелните функционери

467

Брзи и темелни реформи и расчистување со криминалот од поранешните и актуелните функционери независно од одлуката на Европската унија побара Либерал-демократската партија, на средба со членовите на скопската општина Ѓорче Петров.

Потребно е Македонија засилено да продолжи со реформите во судството и заживување на економијата, истакна Горан Милевски, претседател на ЛДП. Партијата бара брзи и темелни реформи во правосудството, расчистување со криминалот од минатото и од актуелните функционери.

„Само преку почитување на основните европски вредности може да чекориме и кон Европа. Во нашата држава речиси три децении се размислува само лево или десно, кон едната или кон другата опција. Време е за различно размислување, либерално кон Европа. ЛДП не разочарува, ЛДП испорачува“ дополнуваат од партијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...