„Ла Опера“ со истрага за обвиненијата за сексуално злоставување против Доминго

Според обвиненијата, Доминго се обидувал да ги натера на сексуални односи нудејќи им улоги, а во некои случаи ги казнувал и не им давал улоги доколку го одбиеле неговото удварање.

124
ФОТО: EPA / Francisco Guasco

Операта во Лос Анџелес соопшти дека ќе ги истражи обвиненијата за сексуално злоставување изнесени од неколку жени против славниот оперски пејач Пласидо Доминго.

Според обвиненијата, Доминго се обидувал да ги натера на сексуални односи нудејќи им улоги, а во некои случаи ги казнувал и не им давал улоги доколку го одбиеле неговото удварање.

„ЛА Опера“, чиј генерален директот е Доминго најави дека ќе ангажира надворешен советник да ги истражи „загрижувачките наводи“ за оперскиот пејач.

Доминго обвинувањата ги нарече „длабоко вознемирувачки и неточно претставени“, додавајќи оти верува дека неговите разговори и односи биле „добродојдени и обострано прифатени“.

Во меѓувреме операта во Сан Франциско и Филаделфискиот оркестар ги откажаа планираните настапи на Доминго во септември и во октомври.

ФОТО: EPA / Francisco Guasco

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...