Тимот на Лајпциг одигра само 1:1 синоќа на домашен терен со Хофенхајм и не го искористи „киксот“ на Борусија Менхенгладбах за прогрес на табелата.
Лајпциг можа да биде и задоволен со освоениот бод, бидејќи Хофенхајм до самиот финиш имаше водство преку Андреј Крамариќ уште од 22.минута. Конечните 1:1 ги постави Вили Орбан во 89. минута.
Еве како изгледа горниот дел на табелата во германското фудбалско првенство по 23 кола: Борусија Дортмунд 54 бода, Баерн Минхен 51, Борусија Менхенгладбах 43, Лајпциг 42.