Денеска во стационарот „Вардариште“ започнаа градежните активности на двата објекта, со демонтажа на веќе постојните метални боксови и елементи, соопшти Град Скопје.
Тие ќе бидат комплетно заменети со нови посовремени стандарди во служба на основните потреби и благосостојба на бездомните животни кои ќе бидат дел од новата програма.
Досега со стационарот „Вардариште“ стопанисуваше ЈП „Комунална хигиена“, а сега за заловените уличните животни ќе се грижи новоформираното претпријатије „Лајка“, кое ќе понуди нов концепт и пристап кон решавањето на проблемот со уличните животни и нивниот третман и благосостојба.