Лацио одби 80 милиони евра од Јунајтед за СМС

149

Раководството на Лацио ја отфрли понудата на Манчестер Јунајтед од 80 милиони долари за српскиот репрезентатвец Сергеј Милинковиќ-Савиќ, објави „Скај Спорт Италија“.

Римјаните сакаат да добијат 100 милиони евра за правата на 24-годишниот играч од средниот ред. За него има интерес и од Пари Сен Жермен, Јувентус и Интер.

Милинковиќ-Савиќ одигра просечна последна сезона за Лацио со 7 гола и 3 асистенции во 41 натпревари, но имаше решителен придонес за освојувањето на Купот на Италија, откако го отвори резултатот во 82-та минута на финалето против Аталанта при успехот со 2:0 .

Минатиот октомври тој го продолжи со договорот со Римјаните до летото 2023 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...