Фудбалерите на Лацио се победници во Копа Италија, откако синоќа во финалето на „Олимпискиот стадион“ во Рим ја победија Аталанта со 2:0.
Стрелци на головите во последните десет минути беа Сергеј Милинковиќ-Савиќ (82. минута) и Хоакин Кореа (90).
За „лацијалите“ ова е седми трофеј во италијанскиот куп.