Драган Павловиќ – Латас денеска во судница изјави дека не е виновен во предметот „Тревник“ во кој Специјалното јавно обвинителство го товари за бесправна градба на три објекти во Зелениково. Покрај него, се товарат и неговите двајца браќа, Звездан и Срѓан.
Неговата адвокатка Анита Бегова во воведниот говор рече дека ќе докажат пред судот оти обвинетите не се виновни. Бегова рече дека Латас платил уредно комуналии за објектите и тоа по повисока цена од 1 евро за квадратен метар.
Адвокатката на Латас побара јавноста да биде исклучена при пуштањето на дел од „бомбите“ на што СЈО се спротистави.
Судењето е одложено на барање на адвокатките на Латас.