Латас не дојде, „Тотал“ одложен за 14 мај

740

Главната расправа за предметот „Тотал“, во кој е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас за затајување данок, е одложена за 14 мај.

Денешното рочиште во Кривичниот суд не се одржа бидеќи не присуствуваше Павловиќ-Латас поради здравствени и семејни причини.

И претходните две рочишта не се одржаа од истите причини.

Според обвинението на СЈО, осомничениот давал лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави при што преку правните лица затаил данок во износ од 7.466.981 денар или 121.414 евра, а лично физичкото лице затаило 3.876.471 денар или 63.032 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...