Лани руското злато за извоз завршило на Островот

Русија извезла злато во вредност од 5,74 милијарди долари во 2019 година.

199

„Москва тајмс“ објави дека според царинските податоци, во 2019 година Русија го продала речиси целото злато наменето за извоз на Велика Британија.

Царинските податоци покажуваат дека Велика Британија минатата година купила злато вредно 5,33 милијарди американски долари од Русија, или 93 проценти од извозот на Русија.

Русија извезла злато во вредност од 5,74 милијарди долари во 2019 година.

Купувањето на руско злато во Велика Британија е двојно во однос на 2018 година, кога изнесуваше 433 милиони долари.

Извозот на злато на Русија во Велика Британија се зголеми за единаесет пати, од 10,4 метрички тони во 2018 година на 113,5 тони минатата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...