Тренерот на Дерби Каунти, Френк Лампард беше презадоволен по победата на неговиот тим на средбата со Манчестер Јунајтед во Лига купот.
Дерби победи на пенали по нерешените 2:2 по 120 минути на „Олд Трафорд“
– Шокиран сум. Губевме во раната фаза, се вративме резултатски, на крајот примивме изедначувачки гол и по се покажавме карактер. Горд сум на моите играчи – рече Лампард.
Легендарниот фудбалер на Челзи оваа сезона за прв пат е во улога на тренер, ја предводи екипата на Дерби Каунти која настапува во Чемпионшип Дивизијата.
ФОТО: Твитер
Lampard getting all the lads to do the bounce is by far my favourite thing tonight… #dcfc #dcfcfans pic.twitter.com/SgHavqZMm5
— Frank Lampard’s Derby County Polls (@RamsPolls) September 25, 2018