Не е само голманот Кепа Арисабалага мета на прогон од Челзи, пишува „Сан“.
Според британскиот весник, Френк Лампард сака да се ослободи од цели осум играчи во текот на летото.
На врвот на листата е најскапиот голман на светот, Кепа Арисабалага. Шпанецот не ужива доверба кај англискиот менаџер. Трансфер ембаргото на „сините“ опадна, а револуционерните промени се планирани за летото на „Стемфорд Бриџ“.
Зијех веќе е договорен од Ајакс за 40 милиони евра. Бен Чивел од Лестер и Јан Облак од Атлетико Мадрид ќе бидат приоритетни цели за новата сезона.
Маркос Алонсо и Емерсон се на трансфер листата, заедно со Курт Зума.
Од средината на теренот, Френки сака да се ослободи од Рос Баркли и Жоржињо.
Во нападот најмногу се зборува за заминувањето на Педро Родригез и Вилијан. Вториот има истечен договор и заминува по желба.
ФОТО: EPA / WILL OLIVER