Поранешниот директор на БЈБ Лазо Велковски ќе биде поставен на позицијата Началник на Одделот за борба против организираниот криминал, пренесуваат повеќе медиуми.
Велковски беше разрешен од позицијата директор на БЈБ, по скандалот со злоупотребата на неговото службено возило со кое неговата ќерка замина на одмор во Грција во кампот Евридики.
Пред владината седница за неговото разрешување, премиерот Зоран Заев, потенцираше дека бил одличен професионалец кој од секогаш важел за сплотувачки елемент во СДСМ и додаде дека неговото разрешување е чин на понесување на одговорност.
Заев тогаш потенцираше дека екс-директорот на БЈБ е еден од неговите први соработници и нагласи дека верува оти тој и натаму ќе биде значаен партнер во МВР.