Лазаров: Срамен пораз и шлаканица за сите нас

474
ФОТО: EPA / GUILLAUME HORCAJUELO

Македонија не ја оправда фаворитската улога и претрпе пораз од Грција во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а селекторот Раул Гонзалес изрази загриженост за лошата игра на нашиот национален тим.

– Одигравме многу лошо, а не игравме добро ниту против Турција. Денеска против Грција не функционираше ниту нападот, ниту пак одбраната. Иако сите мислеа со колкава разлика ќе ги победиме Турција и Грција, сепак противниците играа добро и мора да имаме почит кон секого – истакна Гонзалес.

И капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров не го криеше разочарувањето по тешкиот пораз.

–  Потфрливме на натпревар што моравме да го добиеме. Ова е срамен пораз и шлаканица за сите нас. Но, има уште да се игра во квалификациите и шансите за Европското првенство не се загубени. Меѓутоа мора да го смениме пристапот во следните натпревари – наведе Лазаров.

Македонија во следното коло ќе се соочи со Исланд, кој ја порази Грција со 14 гола разлика.

ФОТО: EPA / GUILLAUME HORCAJUELO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...