Лазаров: Најтешките натпревари се пред нас, ќе се бориме

133
ФОТО: EPA / GUILLAUME HORCAJUELO

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров рече дека за „црвено-жолтите“ допрва следуваат тешките натпревари на Мундијалот.

Македонија забележа две победи на стартот против Јапонија и во 2.коло со Бахреин, а вечерва ја очекува мечот со Хрватска.

– Добро го отворивме шампионатот. Имаме две победи, но најтешките натпревари се пред нас. Ние не располагаме со широк ростер и многу се трошиме. Но нема предавање. Ќе се бориме – изјави Лазаров.

Македонскиот капитен на првите две средби постигна по осум гола и е најефикасниот играч во репрезентацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...