Лазаровска би му дала Нобелова награда на терористот од Нов Зеланд, АРМ ќе ја казни

1168

Татјана Лазаровска, вработена како професионален војник во АРМ, шири говор на омраза на социјалните мрежи откако повика да му се даде Нобелова награда на напаѓачот од Нов Зеланд, каде беа убиени 50 лица.

Од Генералштабот на АРМ за Либертас ја потврдија инфорацијата дека Лазаровска е вработена во АРМ, ја осудуваат нејзината постапка и најавуваат сaнкции за неа.

„Во однос на Вашето прашање дали во редовите на Армијата постои лице со наведеното име и презиме кое во одредени медиуми се поврзува со објавен статус на личен профил на социјалната мрежа „фејсбук“, Ве известуваме дека по извршениот увид е констатирано дека во состав на потчинетите единици на Генералштабот има професионален војник со наведените персонални податоци. По сознанието од наша страна, согласно законските регулативи и надлежности е отпочната постапка за утврдување одговорност и за преземање соодветни дисциплински мерки. Генералштабот најостро го осудува секој облик на изразување било каков вид нетрпеливост, дискриминирачко однесување или поддршка на истите од било кого. Од Генералштабот е наложено до потчинетите команди и единици секогаш да се преземат соодветни мерки за спречување и најостро санкционирање во рамки на законските надлежности на било кој непримерен облик на однесување и нарушување на угледот на Армијата од страна на своите припадници“, велат од АРМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...