Лазаревски: Последното усб го предадов во ноември 2013 година

644

Последното усб го предал во ноември 2013 година, а од МВР заминал на 31 октомври после закана од Грујески дека доколку не замине ќе биде вклучен во процесот „Шпион“, изјави сведокот Ѓорѓи Лазаревски на денешното рочиште на предметот „Таргет-Тврдина“.

Пред да се соочи со Грујески од МВР, сведокот Лазаревски кажа дека Звонко Костовски му испратил порака, дека пет пати се гледал Марјан Ефремов кој е обвинет во „Шпион“ и оти е можно да го уапсат.

– Кога отидов кај Грујески ми рече дека излобирал да не ме апсат и наводно се обидел само со дисциплинска да поминам, но разбрав дека сака да си заминам. Бев револтиран и му реков дека веднаш ќе си заминам – изјави Лазаревски.

По моето напуштање на МВР, појасни Ларазевски, Звонко бил службено испратен кај него да дознае за неговите активности и тогаш му достави нови документи.

– После апсењето на Верушевски ми се јави Звонко кој бил во присуство на Грујевски и ми рече дека рекол дека ако јас сум инволвиран во тоа што се случува лично ќе ми го пресече гркланот. Сфатив дека подобро е да пријавам што се случува. Пријавив дека материјалите му ги дале пет луѓе од МВР кои веќе се во странство, но побарав средба со Грујевски и таму кажав дека јас ги предадов на Верушевски – изјави Лазаревски.

Тој појасни дека пред да си оди од МВР ја избришал содржината од дискот и го предал во обвинителство.

Претходно, во својот исказ Лазаревски посочи дека имало три лица кои биле „парарепродуцери“, и кои правеле извештаи на нелегалните таргети пред се на јавни личности и политичари. Тоа го знаел, бидејќи Звонко Костовски бил системска поддршка на парарепродуцерите и се грижел за нивните компјутери.

– Верушевски беше прислушкуван и не само тој, туку и неговите деца и сопругата – изјави Лазаревски.

Прашан зошто Верушески бил избран за лице да му ги предадат материјалите, сведокот рече „бидејќи е професионалец“.

Во „Таргет-Тврдина“ освен екс директроот на УБК Сашо Мијалков, обвинети се и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Мијалков, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...