Лазаревски го замолил Ѕвонко да собира докази

543

По две години откако живеев со тоа дека се злоупотребува системот за прислушување, во 2010 го замолив Ѕвонко Костоски да собира докази, рече свиркачот Ѓорѓи Лазаревски на денешното рочиште за „Таргет-Тврдина“.

– Сакав да ми потврди дали моите сомневања се точни, а тој рече дека нема некој што не е прислушкуван. Целта ни беше да ги пробиеме Наис и Веренид, да вадиме и аудио. Ова никако не беше поврзано со податоците кои јас ги извадив од системот Верент. Селекцијата на тоа што се вадеше ја правеше Ѕвонко од системот НАИС – рече Лазаревски.

Материјалите што тој ги добивал, како што рече, биле од експорт, чија главна намена била за судски процеси. Според сознанија на Лазаревски, договорот за набавка на системите Наис и Веренид бил кон крајот на 2007 година, но не знае кога стапил во функција.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...