Скандалот со лажни дипломи во Хрватска не стивнува, а Министерството за образование потврди уште три нови случаи, од кои и една лажна учителка која предавала 30 години.
Станува збор за диплома од Педагошкиот факултет во Љубљана со која учителката ги учела децата. Откриена е и лажна диплома од Машински факултет и бродоградба, Универзитет во Загреб со која лажен наставник 26 години им предавал предмети на средношколци.
Меѓу нив е и случај со фалсификувано сведоштво со кое ноќен чувар работел 10 години во ученички дом.
– Проверка на веродостојноста на документите е сега силна антикорупциска мерка која има за цел да ја врати довербата во системот на образование – рекла хрватската министерка за образование Блаженка Дивјак.