Лажни е-меил пораки испратени во име на НЛБ Банка, не ги отворајте!

НЛБ Банка АД Скопје потенцира дека сите нејзини известувања испратени преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат.

1150

НЛБ Банка АД Скопје известува дека вчера се испратени лажни е-меил пораки од страна на непознат испраќач кој фалсификувајќи го идентитетот на НЛБ Банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече доверливи податоци од целната група до која е испратен овој маил (притоа постои можност овие лажни пораки да содржат злонамерни малициозни датотеки како прилог).

Одредени физички и правни лица (клиенти меѓутоа и лица кои не се клиенти на Банката) добиваат пораки од маил адресата: <e.cenva@nlb.mk>, со предмет на порака: Re:Плаќање и прилог датотека со наслов: NLB-Ажурирани информации за плаќање doc.r11.

Банката се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе добијат електронска порака да не го отвораат прилогот на пораките пристигнати од мeил адресата: <e.cenva@nlb.mk> со цел заштита од злоупотреба на податоците. Доколку ваквите пораки заедно со прилозите биле веќе отворени, потребно е да се обратите за помош до ИТ професионалец.

НЛБ Банка АД Скопје потенцира дека сите нејзини известувања испратени преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат.

Во меѓувреме, Банката ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...