Полицијата ги уапси двојниците на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиoт севернокорејски колега , Ким Џинг-ун , кои направија вистински метеж во Ханој.
Вистинските Трамп и Ким треба да пристигнат во главниот град на Виетнам за неколку дена , на 27 и 28 овој месец, но новинарите им се нафрлија на нивните двојници.
Не им беше сомнително што излегуваат од обични лимузини и немаат обезбедување. Двојниците на претседателите седеа во хотелскиот хол и се смееја , одговараа кусо на прашања и добро се забавуваа додека се гушкаа.
Но, на виетнамската полиција не им било до шега , па ги притворија Расел Вајт и Хауард Екс. Тие велат дека речиси три часа ги испрашувале полицајците и ги предупредиле да се откажат од имитирање на Трамп и Ким.
Тие биле вратени во хотел, од каде не смеат да излезат додека властите не решат што ќе прават со нив.