Овие редови ги пишувам на денот на гласањето „за влез во НАТО и ЕУ“ или – против тој „влез“ затоа што потпишаниот Договор со Грција кој подразбира промена на уставното име заедно со некои членови на Уставот не го одобрувам. Читам по социјалните мрежи дека имало и такви кои им се заканувале на сите тие што биле „за“, дека ги сликале со своите мобилки, дека ги заплашувале и уценувале, дека дури и ги – тепале.
Кои се тие луѓе? Тоа се луѓе со идеја или „каузаза“ како што обично се вели кај нас, во духот на нашите Илинденци. Нивната оданост на идејата е оданост на „прворисјаните“ (К. Чашуле). Тие се готови да положат живот на олтаророт на таа „идеја“-кауза затоа што, според нив, „идејата“ на скалата од животните вредности стои повисоко од кој било конкретен живот.
На едно место од своите „Бележници“ знаменитиот писател Албер Ками вели дека имало многу такви луѓе кои биле готови да положат свој живот за оживување и живот на идејата-кауза. Но затоа пак, иронично додава, не видел ниеден да си легне со некоја идеја-кауза. Загрепскиот филозоф Станко Ласиќ во една кнога од својата „Крлежологија“ ги нарекува „есенцијалисти“. Тоа е луѓе кои и даваат предност на есенцијата-сушност, претходик на егзистенцијата-живот. Тоа се оние „лажни пророци“ кои „прогласуваат дека ве спасуват“ и кои, како што вели во друга песна („Молитва“) поетот Блаже Конески, „самите не можат да се ослободат/и влечат по себе ситни пороци“./ Со еден збор, тие не знаат или, подобро, не сакаат да знаат за некоја „злодобрина“. Уште помалку признаваат дека „влечат по себе ситни пороци“.
Сите тие луѓе кои тепаат, се закануваат, уценуваат и заплашуваат други само затоа што не ја споделуваат нивната „прворисјанска“ оданост на идејата-кауза „татковината над сè“ (Deutschland über ales) не знаат за добрина како одлика на секој човек од „овој свет.“ Знаат само само за возвишено, апстрактно добро иако не знаат дека тоа само – божја особина.
Како прворисјани, заточеници на кауза, есенцијалисти и лажни пророци, тие знаат дека се отелотворение на доброто наспрема оние кои, на денешниот референдум, ќе гласаат „за влез во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот со Грција“, се отелтворение на – злото. Како отелтворение на доброто, тие се бранители и носители на божјата правда. Наспрема оние други кои газат по таа божја правда во името на некој,, „туказемна“ (пак Чашуле) правда, што е, во нивните очи на страната на неправдата или блиска до неа.
Затоа што не знаат, затоа што не сакаат да знаат дека влечат со себеси „ситни пороци“, сите тие се, во своите очи, „са очима изван сваког зла“ (В. П. Дис). Тие не се луѓе од „овој свет“ иако живеат, добро или лошо, среќно или несреќно, тука или некаде во дијаспората на – овој. Не знаат или, ако веќе знаат, тие не сакат да знаат дека доброто и злото се внатре, во човекот. Дека тоа добро и зло е одлика на секој човек. Дека нема човек, како што велерше првиот од прворисјаните Исус, кој не сторил ни најмало зло (грев). Дека само богочовекот, божјиот син Исус е оној праведник на земјата кој, со неговото воскресение, ја напушта „туказемната“ долина на плачот и солзите за да се врати во крилото на возвишениот, небески Отец и Светого Духа.
Не знааат, повеќе или помалку, дека, сите тие кога тепаат, се закануваат, уценуваат и заплашуваат веќе стапуваат во Редот Исусовци (језуите) кои, како и нивниот основоложник (Игнацио Лојола), прво офицер на тогашната шпанска војска, проповедаше дека сите средства (заблуди, измами, поткуп, искушенија, терор и насилство) се добри за да се постигне возвишената цел воведувасње во христијанската вера на дивите, неуки и безбожни парагвајски домородци.
Не знаат или не сакаат да знаат дека и нивниот првоапостол Петар Поп-Арсов, во својата книшка „Стамболовштината во Макдонија“ енергично го осудуваше „језутизмот“ на тогашниот бугарски диктатор Стефан Стамболов кој, како и основачот на Исусовиот ред, сметал дека сите средства се подеднакво добри за уништување на „сепаратизмот“ од Маладата македонска книжовна дружина („Лозарите“), претходник на ВМРО од 1893 г.
Од каде доаѓаат тие луѓе? Во некои учени книги од најново време кои се занимаат со прашања на модерните демократија од нашето време се вели дека тие доаѓаат од самите пазуви на демократиите. Дека се се тоа нивмите екриени, внатрешни непријатели кои, во поволни околности, доаѓаат до израз. Не само кај нас, не само сега, на нашиот денешен референдум. Тие внатрешни, тие скриени непријатели се викаат месијанизам и манихејство. Тие се оние „лажни пророци“ (месии) како што вели лирската филозофија на Конески. Тие се оние манихејци кои се убедени дека сето добро е на нивна страна и сето зло е на страната на оние што ќе гласат за еден „штетен“ (Иванов) и „капитулантски“ (Мицковски) ДоговорГрција како услов за влез во НАТО и ЕУ.
„Бес ги распина внатре/ душите да ви ги затре./ Тие варосани гробови./ Не да им станете ронови!“/ Тоа е пораката од лирската филозофија на Конески во неговата песна „Лажни пророци“.