Стефан Чернетиќ, човекот познат како лажниот принц на Црна Гора и Македонија, на својот фејсбук профил објави фотографии со премиерот Зоран Заев.
Како што објавил Чернетиќ, тој на 15 септември, во саботата, имал средба со премиерот во зградата на Владата, објави Слободен печат.
Од Владата ни потврдија дека „премиерот Зоран Заев има остварено неофицијална средба од неформален карактер со лицето Стефан Чернетиќ во рамки на неговите средби и контакти со заинтересирани граѓани“.
Чернетиќ постирал и фотографии од пред зградата на Владата и напишал:
„Бевме љубезно поканети оваа недела во Скопје за да дискутираме за дипломатски проекти во Палатата на Владата. Македонија расте толку бргу и е одлична прилика за инвеститори, туризам и бизнисмени“, напишал Чернетиќ.
Лажниот принц објавил и линк од сајтот golfpeople.eu , на кој е објавена вест со фотографија од неговото семејство со премиерот на Македонија.