38-годишна Џулиет Паркер жена од Вашингтон (САД) е уапсена завчера, заедно со нејзината 16-годишна ќерка, под обвинение дека се преправала дека е фотографка на новороденчиња, па ја дрогирала младата мајка и се обидела да ѝ го украде бебето, соопшти полицијата.
Џулиет и нејзината ќерка завршиле зад решетки под обвинение дека минатиот петок ѝ ставиле дрога во колачот на една мајка за да се обидат, додека била зашеметана, да го киднапираат нејзиното новороденче. Дури кога биле уапсени, клопчето почнало да се одмотува и се покажало дека мрачната тајна на „женскиот клан“ Паркер е уште поморничава!
Според приказната на жртвата, Џулиет се придружила на групата на Фејсбук која здружува млади мајки и на родителите им се претставила како фотограф на бебе. И така таа дошла до својата жртва нудејќи бесплатно фотографирање на нејзиното новороденче за да го создаде своето портфолио.
Младата мајка се согласила и ја поканила Џулиет во својот дом, несвесна дека зад приказната за бесплатно фотографирање се крие пеколен план. За време на нејзината трета посета, Џулиет и нејзината ќерка ѝ дале парче торта на жртвата после кое ѝ се слошило, поради што вознемирената жена ги истерала од дома и повика полиција.
Си-ен-ен јави дека истрагата започнала откако една жена повикала 911, американски број за итни служби и пријавила дека не се чувствува добро, дека повраќа и дека стравува дека падне во несвест. Мајката рекла дека сега е преплашена и спие со нож под перница.
Потоа рекла дека верува дека е дрогирана од жена што ја запознала преку Фејсбук – уапсената жена им понудила бесплатно фотографирање на новороденчето, бидејќи „се обидувала да изгради портфолио“. Преку социјалните мрежи, таа се претставувала како Џулиет Паркер.
Таа сакала да украде бебиња стари пет недели и помлади за да може сама да ги одгледува. Таа планира да ја извледе од државата и да се преправа дека бебињата се нејзини, рекле од полицијата.
Џулиет Паркер била кандидат за градоначалник во Колорадо Спрингс, Колорадо во 2019 година, каде што живеела две години. Сепак, тогаш го зазела второто место.
Интересно е што за време на изборната трка, таа како свои квалитет ги навела „чесноста, моралниот кодекс, разбирањето, здравиот разум и можноста да размислуваат надвор од рамките“.
Досегашните резултати на полициската истрага покажале дека оваа жена не била единствената жртва, туку дека Џулиет врбувала и други мајки.
Паркер првиот пат била ослободена со кауција од 50.000 долари. Но, завчера било решено да се зголеми кауцијата на 150.000 американски долари и Паркер повторно заврши во притвор, пишува „Сан“.
Foto: Printscreen Facebook/Pierce County Sheriff’s Department
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.