Објект на Фејсбук во градот Менло Парк, во државата Калифорнија синоќа е евакуиран поради закана за бомба.
Во зградата, каде имало вработени во Фејсбук и Инстаграм, веднаш биле испратени спацијални единици, но не се пронајдени никакви експлозивни направи.
Според локалните медиуми, заканата за бомба била упатена преку полициска станица во Њујорк, па потоа биле известени и влaстите на Менло Парк.
Загриженоста за безбедноста во технолошките кампуси во Сан Франциско се зголеми минатата година, особено по пукањето во кампусот на ЈуТјуб во Сан Бруно во април.
ФОТО: EPA/MAURITZ ANTIN