Вечерва техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев изјави дека лажна била веста дека утре ќе поднел оставка на својата функција.
Извор на Плусинфо од ВМРО-ДПМНЕ потврди дека Чулев останува во влада, наспроти постојаните притисоци на кои е изложен секојдневно.
– Оваа лажна вест е дел од психолошката војна што пропагандата на Зоран Заев ја води против опозицијата – вели изворот.
Лажната вест ја објави порталот Либертас, кој се повика на извори блиски до Чулев и тврдеше дека „одлуката за оставката веќе била донесена, а во текот на утрешниот ден ќе била и објавена“.
Владата денеска по втор пат ги поништи кадровските решенија на министерот Чулев, кои, според објаснувањето немал право да ги донесе без согласност и потпис од дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска.