Лавров: Нема докази за руско мешање во внатрешните работи на Република Северна Македонија

310
Photo: EPA / YURI KOCHETKOV

Не се доставени никакви докази за мешање на Русија во прашањето „за промена на името на Македонија“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на 55. Минхенска конференција за безбедност.

– Бевме обвинети дека се мешаме во проблемот со промената на името на Македонија, но не ни доставија никакви докази – нагласи Лавров.

Шефот на руската дипломатија истакна дека односите меѓу Русија и Западот ги имале сите шанси за успех, „но изборот бил направен во корист на натоцентризмот“.

Photo: EPA / YURI KOCHETKOV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...