Лавров: Москва ќе одговори на непријателските потези на САД

48
Photo: EPA / YURI KOCHETKOV

Москва реципрочно ќе одговори на непријателските чекори на Вашингтон ако продолжат ваквите потези, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, но посочи дека би било погрешно да се одложи на неодредено решавањето на прашањата значајни за двете земји и за целиот свет.

Тој истакна дека Москва нема големи очекувања за обновување на дијалогот со Вашингтон следната година.

Лавров додаде дека Русија по тоа прашање бира прагматичен пристап и дека ќе го процени ставот на американската администрација за конструктивна соработка на основа на акциите на Вашингтон.

Шефот на руската дипломатија напомена дека постојат извесни обесхрабрувачки фактори во врска со американската внатрешна политика, како што е почетокот на кампањата за претседателските избори во таа земја.

– Противниците на Русија во американската власт би можеле повторно да ја искористат русофобијата како средство за кампања, рече Лавров во интервју за Тас.

Според него, контактите со американските власти за време на неговата неодамнешна посета на Вашингтон биле корисни.

– Тие контакти ни овозможија сеопфатна размена на мислења за актуелните билатерални и меѓународни прашања. Двете страни изразија подготвеност да ги подобрат односите и да постигнат меѓусебни резултати таму каде што има заеднички интереси, рече Лавров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...