Лавица и четири ему птици се новите жители на скопската Зоолошка

225

Лавицата Акети од зоолошката во Берлин и четири ему птици бебиња се нови жители во скопската градина.

Дванаесетгодишната лавица пристигна во Скопје пред шест дена и веќе се прилагодува на животот во Скопје. За неколку месеци друштво ќе ѝ прави и лавот кој треба да пристигне од Софија. Лавицата ја добивме благодарение на соработката со Европската асоцијација на зоолошки градини (ЕАЗА). Акети одлично се прилагоди на новото живеалиште и на нејзините негуватели.

Во Скопје пристигнаа и четири ему птици бебиња кои од вработените ги добија имињата Теди, Ким, Бланка и Вили. Бебињата се многу љубопитни и весели, па постојано сакаат да си играат со своите негуватели. Ему птицата потекнува од Австралија и е втора птица по големина во светот, веднаш по нојот. Четирите ему ќе живеат во живеалиштето на кенгурите или реон во зоолошката, познат како „Австралија“. Целиот овој простор наскоро ќе биде реновиран и изграден во абориџински стил со помош на донаторот „Подравка“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...