Сите вработени во приватниот сектор, до крајот на годинава ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15 во износ од минимални 9.610 денари (според последните информации за износот на нето/бруто плата по вработен).
Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци).