Куче во Русија го чекаше газдата и на -30 степени, трчаше по секое сиво возило (ВИДЕО)

492
ФОТО: Принтскрин

Куче кое било напуштено на автобуска постојка во село Маметкино во Русија, бесконечно чекало да се врати неговиот газда по него, пренесува „Курир.рс“.

Тоа било оставено кон крајот на летото, а не се помрднало од местото ниту на -30 степени.

За тоа сведочел и Сабиргали Бајсагуров, кој живее во селото.

– Не се помрднуваше од таму. Кога ќе поминеше некое сиво возило, понекогаш го следеше. Веројатно неговиот газда возел сив автомобил – рекол Бајсагуров.

Кучето било мошне недоверливо, а на крај се опуштило кога добило нов дом.

– Читав за него на интернет и многу ми беше жал. Наредниот ден отидов по него – изјавила Ирина, која му пружила топол дом.

Сега кучето добило и ново име, Арчи, а има и постар брат по име Бетовен.

– Толку е добар и сака да се милува – додала Ирина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...